Достапни линкови

Путин го одобри контроверзниот закон за невладини организации


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин

Прес-службата на Кремљ соопшти дека претседателот Владимир Путин го потпишал контроверзниот закон со кој невладини организации кои се финансираат од странски извори се сметаат за "странски агенти." Законот предизвика загриженост меѓу активистите за човекови права кои стравуваат дека тој ќе се користи за ограничување на работата на критичните невладини организации. Законот беше потпишан од страна на Путин откако претходно беше одобрен од долниот и горниот дом на рускиот парламент. Државната Дума го донесе законот на 13 јули,а Советот на Федерацијата го одобри на 18 јули годинава.
XS
SM
MD
LG