Достапни линкови

logo-print

Откажана париската премиера на новиот Бетмен


Париската премиера на новиот дел на филмот за Бетмен е откажана по убиството на 12 луѓе за време на прикажувањето на овој филм во Денвер, Колорадо. На настанот во Париз беше најавено учество на многу филмски ѕвезди меѓу нив и носителите на главните улоги Кристијан Бејл и Ен Хатавеј. До ова дојде само неколку часа откако 24 годишниот Џејмс Холмс пукајќи, влегол во кино салата при што убил 12 луѓе, а 40 други ранил. Федералното истражно биро наведува дека не постојат индиции оти тој бил поврзан со некоја терористичка организација.
XS
SM
MD
LG