Достапни линкови

Општина Пласница со клуч на врата


Општина Пласница.

Општина Пласница.

Во општинската зграда нема струја, вода, ниту интернет, не работи ниту еден оддел. Вработените велат дека едноставно не може да се исполнат елементарните услови за работа на Општината која пак треба да ги задоволи потребите на околу 6.000 жители на Пласница.

Општинската зграда во Пласница е исклучена од електромрежата, поради неплатен долг од околу 150.000 денари. Иако сумата не е голема, велат од локалната самоуправа со блокирана сметка од повеќе од година ипол не може да се плати обврската.
Општината не е во можност да им излезе пресрет на граѓаните, ниту на најосновните функции што ги обавува Општината. Значи не сме во можност да постапиме ниту по законот за легализација на објектите, даночното одделение не работи, значи не можат да извршат граѓаните никаква купо-продажба или наследство на имот, правното одделение не може да издаде ниту еден документ што му е потребен на кој и да е жител на Општина Пласница.

Во општинската зграда нема ниту вода, ниту интернет, не работи ниту еден оддел. Едноставно велат 15-ината вработени не може да се исполнат елементарните услови за работа на Општината која пак треба да ги задоволи потребите на околу 6.000 жители на Пласница.

„Општината не е во можност да им излезе пресрет на граѓаните, ниту на најосновните функции што ги обавува Општината. Значи не сме во можност да постапиме ниту по законот за легализација на објектите, даночното одделение не работи, значи не можат да извршат граѓаните никаква купо-продажба или наследство на имот, правното одделение не може да издаде ниту еден документ што му е потребен на кој и да е жител на Општина Пласница“, изјави Стојче Радески од локалниот оддел за урбанизам во Општина Пласница.

Од друга страна оваа е последна општина во Македонија која што не е влезена во втората фаза со децентрализијата.
На Општина Пласница ниту и имаат доделени некакви средства за 2012 година, оние нормални да речам функции што се обавуваат од инфраструктура, од министерствата што се доделуваат средства, од животна средина, од Биро за развој. Буквално оваа година Општина Пласница треба да го стави клучот на врата и да прекине со работа.

„Тоа е знак дека воопшто не ги исполнува ниту минималните услови да влезе во втора фаза, ниту финансиски, ниту кадровски. Проблемот и со објектот, со зградата на Општината. Значи буквално сега Општина Пласница не располага ниту со објект каде ќе ги обавува функциите ако се спроведе онаа, ако се спроведе онаа купопродажба што беше извршена. Така да Општина Пласница едноставно како да е заборавена“, додава Радески.

И градоначалникот Исмаил Јаоски и раководителот на одделот за урбанизам потврдуваат дека постојано се праќаат писма до Владата и одделни министерства за да се добие помош да се реши проблемот. Но, одговор до денес велат не добиле.

„На Општина Пласница ниту и имаат доделени некакви средства за 2012 година, оние нормални да речам функции што се обавуваат од инфраструктура, од министерствата што се доделуваат средства, од животна средина, од Биро за развој..Исто така оваа година сме одбиени од Агенцијата за рурален развој, аплициравме со проекти, исто така од животна средина, од Фондот за води, аплициравме исто така немаме добиено средства. Буквално оваа година Општина Пласница треба да го стави клучот на врата и да прекине со работа.“

Радески истакнува дека и барањето за да им се дозволи финансиски минимум,на начин на којшто работат и дел други општини во државата им било одбиено, колку од кичевскиот, толку од Апелацискиот суд. Вработените велат среќа што е лето, во спротивно ќе смрзнуваа и од студ. А, жителите на Пласница во многи наврати досега реагираа, и ја обвинуваа власта за дискриминација на Општината. Велат не им се дозволуваат минимални услови за живот и работа, па затоа многу млади луѓе се иселуваат и својата иднина ја бараат во странство.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG