Достапни линкови

Еврозоната го одобри спасувачкиот пакет за Шпанија


Министрите за финансии на 17те земји од еврозоната ги одобрија условите на финанскиот спасувачки пакет за шпанските банки. Тоа било постигнато за време на денешната телефонска конференција на која министрите се согласиле да позајмат 100 милијарди евра за заздравување на банките во Шпанија. Притоа, како што се наведува, тие ќе бидат под строга контрола со цел да се исполнат плановите на владата за намалување на буџетскиот дефицит под три проценти од бруто домашниот производ до 2014 година.
XS
SM
MD
LG