Достапни линкови

Јанкулоска: злоупотреби на вработени во полицијата


министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

,,Во тек се разговори со лица вработени во МВР за кои се сомневаме дека направиле прекршување на работната дисциплина и злоупотреба на службената положба, но и со посредниците кои практично се наоѓале како еден линк меѓу лицата кои издавале лични документи и лицата кои имале потреба од документите.,, Ова денеска го истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Полициската станица во Гази Баба по повод кампањата за зголемување на безбедноста на возачите на мопеди и велосипеди со мотор. Таа притоа изјави дека лани и годинава 13 лица ги загубиле животите во сообраќајни несреќи со мотоцикли, а 594 се здобиле со телесни повреди од различен карактер и заради тоа е потребно засилено превентивно дејствување.
XS
SM
MD
LG