Достапни линкови

Tинејџер во Англија е уапсен по обид да го дофати олимпискиот факел


Архива

Архива

Еден тинејџер во Англија е уапсен откако се обидел да го дофати олимпискиот факел од тркачот неколку часа пред пламенот да пристигне во Лондон пред почетокот на Летните олимписки игри.
Полицијата во округот Кент соопшти дека станува збор за 17-годишно момче кое било фатено неколку секунди по обидот во неговиот роден град Греејвсенд, источно од Лондон. Носител на факелот во тоа време била Ана Скора, 23-годишниот тркачка од Полска. Олимпискиот факел по 8.000 километри низ Велика Британија ќе пристигне вечерва во Лондон .
XS
SM
MD
LG