Достапни линкови

Скопје 2014 за 2014 поделби


Навреди за бугарофилија и гркоманство и обвинувања за криминал во Собранието. Граѓаните поделени меѓу фрлање пари и бранење на идентитетот.

Проектот Скопје 2014 година ги подели народните избраници во собраниската сала. За опозицијата проектот претставува забеганост и криминал. За власта, пак, тој е најмалку проект за споменици, а многу повеќе проект за изградба на згради на државните институции кои се под кирија.
Груевски, Бонева и Ѓорчев може да се облечат во такви униформи и тие да седат пред Воинот на коњ. Како што и самата колешка Бонева довикнува, таа ќе ја чувала Мара Бунева, Ѓорчев пред Александров, Илија Димовски пред Ванчо Михајлов.
Јани Макрадули, СДСМ.

„Да се донесе закон во идната влада, каде што, за да се привлечат повеќе туристи, Груевски, Бонева и Ѓорчев може да се облечат во такви униформи и тие да седат пред Воинот на коњ. Како што и самата колешка Бонева довикнува, таа ќе ја чувала Мара Бунева, Ѓорчев пред Александров, Илија Димовски пред Ванчо Михајлов“, рече пратеникот Јани Макрадули од СДСМ.

„Ќе го дочекаме времето кога Јани Макрадули ќе победи на некои локални избори и ќе си изгради споменик на грчкиот владика Каравангелис и ќе си застане пред него гордо да си го исполни заветот кој што го носи зад себе“, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Ќе го дочекаме времето кога Јани Макрадули ќе победи на некои локални избори и ќе си изгради споменик на грчкиот владика Каравангелис.
Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ.

„Еве не сте граделе споменици, не се правеле нови објекти, не сте граделе ништо, а парите ги нема. Каде се?“, рече Малиша Станковиќ од Социјалистичката партија.

Крајната поделеност за оправданоста на проектот Скопје 2014 се забележува и кај граѓаните.

Различни се мислењата на анкетираните за тоа дали спомениците го обединија или разединија македонскиот народ?

„Не ги подели, ме разочара. Еве овде поминувам секој ден и јас сум разочарана, ова е како животинско царство, премногу е.“
Не може да се прават споменици, а да немаат луѓето што да јадат.
Анкетиран граѓанин.

Тодор Александров.
Тодор Александров.
„Ги обедини, затоа што немаше чувство за македонска припадност.“

„Не може да се прават споменици, а да немаат луѓето што да јадат и да има преку 30 отсто невработеност.“

„Да се води малку сметка, а не само на кој било да се направи. Има попознати херои, борци, ги изоставаат, а некои си што ќе им текне ќе стават споменик на кој било“, велат анкетираните граѓани.

Иако на почетокот власта најавуваше дека проектот Скопје 2014 ќе чини 80 милиони евра, опозицијата обвинува дека истиот ќе чини 500 милиони евра и оти со него се уништува македонскиот идентитет.
Па не може одеднаш да градиш фабрики, одеднаш да кажеш која си, одеднаш да пратиш писма до ОН дека ние сме тие и не може да не прекрстиш.
Анкетиран граѓанин.

Но и на прашањето дали парите кои се потрошија за овој проект можеше да се искористат за изградба на капитални проекти од кои граѓаните ќе имаат некаква корист, од граѓаните добивме поделени мислења.

Наместо споменици, требаат фабрики, велат некои од нив. Други, пак, сметаат дека токму спомениците играат важна улога во јакнењето на македонскиот идентитет.

„Може за фабрики да се искористат, за луѓето.“

„Па не може одеднаш да градиш фабрики, одеднаш да кажеш која си, одеднаш да пратиш писма до ОН дека ние сме тие и не може да не прекрстиш.“

„Нешто покорисно, не би можела да кажам.“

„Поважно е фабрики да се изградат, да има вработување за луѓето“

И додека граѓаните и народните пратеници водат жестоки дебати за тоа дали Скопје 2014 е пералница на пари или проект за доброто на народот, власта продолжува да го реализира со интензивна динамика.

Дури ни високите температури не ги предомислија надлежните да го забават темпото со кое се спроведува грандиозниот проект.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG