Достапни линкови

Сириските бунтовници напредуваат, ОН не


Сириските бунтовници освоиле неколку гранични премини кон Ирак и Турција. Во исто време, Кина и Русија уште еднаш ја блокираа акцијата на Обединетите нации против режимот на претседателот Башар ал Асад.

Бунтовниците во Сирија ја презеле контролата врз главниот премин кон Ирак Абу Камал откако претходно убиле дваесетина владини војници.

Заменик министерот за одбрана на Ирак Аднан ал Асади изјави дека припадници на Слободната сириска армија ги имаат под контрола сите премини на границата меѓу двете земји која се протега на околу 600 километри.

Ваквите наводи засега не можат да бидат потврдени. Бунтовниците освоиле и два премина на границата со Турција, но едниот од нив го напуштиле.

Во Дамаск пак, трупите лојални на претседателот Башар Ал Асад со артилерија и хеликоптери нападнале неколку делови во градот како знак на одмазда на убиството на тројца високи владини претставници.
Претставата на овие Фаризеи, на нивните геополитички приоритети нема ништо заедничко со интересите на сиријскиот народ. Напротив доведоа до ескалација на конфликот.
Вчера, според оценките на посматрачите, бил еден од најкрвавите денови од почетокот на востанието против Асад што почна во март лани. Се наведува дека во земјата биле убиени над 250 луѓе.

Во меѓувреме, Кина и Русија ставија вето на резолуцијата за проширување на посматрачката мисија во Сирија и се воведуваат санкции.
Рускиот амабасадор Виталија Чуркин гласа против резолуцијата.

Рускиот амабасадор Виталија Чуркин гласа против резолуцијата.


„Претставата на овие Фаризеи, на нивните геополитички приоритети нема ништо заедничко со интересите на сирискиот народ. Напротив доведоа до ескалација на конфликот. Секоја калкулација да се искористи Советот за наметнување на нивните политички шеми врз суверените држави нема да успее“, изјави рускиот амбасадор во Њујорк Виталиј Чуркин.

Генералниот секретар Бан Ки Мун во Љубљана изјави дека бил длабоко разочаран од тоа што Советот за безбедност не успеал да донесе одлука за Сирија.
Со неа всушност на ова ниво не се воведуваат никакви санкции. И покрај параноидните, ако не и неискрени тврдења на некои, на никаков начин не се одобрува странска воена интервенција.

Американската амбасадорка во Светската организација Сузан Рајс ги критикуваше руските тврдења дека со оваа резолуција која е поддржана од Западот се отвара вратата за воена интервенција во Сирија.

„Со неа всушност на ова ниво не се воведуваат никакви санкции. И покрај параноидните, ако не и неискрени тврдења на некои, на никаков начин не се одобрува странска воена интервенција.“

Рајс додаде дека ова вето што е трето во изминативе 10 месеци било поопасно и понепристојно од претходните две.

Мандатот на 300 члената посматрачка мисија на Обединетите нации истекува денеска. Во оптек е таканаречена техничка нацрт резолуција со која мисијата би била продолжена за 30 дена, но Вашингтон смета дека нема потреба за тоа ако не биде проширен нејзиниот мандат.

Инаку, вчера на сириската државна телевизија беа емитувани снимки на Башар ал Асад, со што беа демантирани шпекулациите дека и тој бил повреден во нападот во средата.

На снимката се гледа како пред Асад заклетва дава новиот министер за одбрана Фахд Јасим ал Фреиџ кој го замени Даут Раџа кој беше убиен во Дамаск. Сепак, останува непознато каде би можело да се наоѓа Асад.

Само вчера, според властите во Либан, Сирија ја напуштиле над 20 илјади луѓе. Се претпоставува дека од почетокот на востанието пред 16 месеци досега, во таа земја загинале околу 17 илјади луѓе.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG