Достапни линкови

logo-print

Зад нападот во Бургас стои Хезболах


Американски официјален претставник кој сакал да остане анонимен за новинската агенција Асошитед прес изјавил дека се верува оти шиитската група Хезболах која ја има поддршката од Иран стои зад самоубиствениот напад врз израелски туристи во Бургас во кој загинаа најмалку седум луѓе. Претходно и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека за бомбашкиот напад е одговорен Хезболах и додаде дека Израел ќе го возврати ударот. Иран ваквите обвинување ги отфрли како неосновани. Бугарскиот министер за внатрешни работи Цветан Цветанов изјави дека напаѓачот имал лажна американска возачка дозвола, издадена во Мичиген.
XS
SM
MD
LG