Достапни линкови

Нови немири во Сирија, бунтовниците тргнаа кон границите


Сиријските бунтовници ги окупирале граничните премини на земјата со Ирак и Турција, во услови кога Кина и Русија повторно блокираа резолуција на Обединетите нации со која се предвидува интервенција на светската организација против режимот на Башар Ал Асад. Бунтовниците нападнале неколку гранични пунктови и превземале контрола на еден поголем премин кон Ирак, откако убиле 21 припадник на сиријските владини сили, тврдат од ирачката влада. Ирачките власти дополнително тврдат дека бунтовниците сега ги контролираат сите Сиријски гранични премини кон земјата. За сега нема независна потврда на ваквите информации.
XS
SM
MD
LG