Достапни линкови

Протести против мерките за штедење во Шпанија


Десетици илјади жители на Шпанија протестираат во 80 населени места низ земјата во знак на незадоволство од владините мерки за штедење. Полицијата во Мадрид рано утрово интервенирала со гумени куршуми со цел да го разбие протестот во центарот на градот. Владеачката партија во четвртокот го искористи парламентарното мнозинство за усвојување на нови мерки за шeтедење, со кои се предвидува зголемување на даноците како и намалување на платите на државните службеници. Владата исто така ги обелодени деталите од договорот за спас од задолженост кој го склучи со земјите членки на Еврозоната.
XS
SM
MD
LG