Достапни линкови

logo-print

Црна Гора се задолжи со 100 милиони евра


Црногорската Влада и „Кредит свис банк“ потпишаа договор за кредит во висина од 100 милиони евра. Министерот за финансии на Црна Гора Милорад Катниќ изјави дека кредитот ќе биде искористен за реализација на буџетски обврски, капитални инвестиции и фискални резерви. Собранието на Црна Гора во мај усвои ребаланс на буџетот, кој предвидува намалување на трошоците за 16 милиони евра, како и шест мерки за штедење со цел за надминување на економската криза во земјата.
XS
SM
MD
LG