Достапни линкови

Германскиот парламент ја одобри помошта за шпанските банки


Германскиот парламент денеска го одобри пакетот финансиска помош за шпанските банки во вредност од 100 милијарди евра. Во Бундестагот 473 пратеници се изјасниле за мерките, 97 биле против,а 13 се воздржале од гласање. Бундестагот мора да ја одобри секоја одлука врз која би се користеле пари од спасувачкиот фонд на еврозоната. Властите тврдат дека е неопходно да се стабилизира шпанскиот банкарски сектор кој е тешко погоден од кризата како би се спречило ширење на должничката криза во еврозоната. Министрите за финансии на земјите членки на еврозоната утре треба да дадат конечно одобрение на пакетое помош за Шпанија.
XS
SM
MD
LG