Достапни линкови

logo-print

Британија- граничарите ќе штрајкуваат пред почетокот на ОИ


Британската Унијата за јавни и комерцијални услуги најави дека граничниот персонал ќе штрајкува на 26 јули на ден пред почетокот на ОИ во Лондон . Од Унијата соопштуваат дека нивните членови вклучувајќи ги и контролорите на пасошките оддленија ќе штрајкуваат и ќе одбијат да работат прекувремено затоа што се незадоволни од нивната работа и од платата. Владата веќе го осуди најавениот штрајк бидејќи ќе има многу посетители на Олимписките игри кои тогаш ќе сакаат да влезат во земјата. Затоа Министерството за внатрешни работи веќе ангажираше дополнителен персонал да се справи со стотиците илјади патници кои се очекуваат да пристигнат во Лондон следната недела.
XS
SM
MD
LG