Достапни линкови

Нетанјаху-Хезболах стои зад нападот во Бугарија


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека самоубиствениот бомбашки напад на аеродромот во Бугарија при кој загинаа 6 луѓе, од кои пет Израелци е извршен од страна на либанската организација Хезболах во соработка со Иран. На прес конференција во Ерусалим тој изјави дека либанската милиција е продолжена рака на Иран. Според него нападот е дел од глобалната терористичка кампања која ја водат Иран и Хезболах во неколку држави на сите 5 континетни. Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи да се бори против тероризмот.
XS
SM
MD
LG