Достапни линкови

Србите од Косово се жалат до ОН за тешката ситуација


Косовска Митровица.

Косовска Митровица.

Претседателите на четирите општини од северот на Косово, каде Србите се мнозинство, денеска на претставниците на ОН и КФОР им се пожалија дека безбедносната ситуација таму се влошува и дека посебно се загрозени Србите. Претседателите на Косовска Митровица, Звечан , Зубин Поток и Лепосавиќ упатиле отворено писмо до генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, до КФОР, ЕУЛЕКС, ОБСЕ во се вели дека поради убиствата, другите инциденти, постојаниот притисок, бебедносната ситуација на северот од Косово е неповолна. Челниците на српските општини се надеваат дека Бан Ки Мун ќе има време во текот на посетата на Србија да ги согледа и нивните проблеми.
XS
SM
MD
LG