Достапни линкови

Разликата е голема


Диме Спасов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ.

Диме Спасов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ.

Додека некои бираат лета пред да бидат работни, нам годините наназад ни се работни, секој ден, секоја ноќ, постојано се работи, контиунирано се остварува. На секое поле, со сите капацитети, пишува за РСЕ Диме Спасов, претседател на Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ.

На општа несреќа веќе е сосема јасна причината зошто не може да се постигне дијалог во државава па дури и по клучни прашања.Едноставно јазот меѓу водечката линија на СДСМ и генерацијата политичари на ВМРО-ДПМНЕ е непремостив.
Првите очигледно никогаш не слушнале за термин отчет, одговорност, конкуретност. Се уште ја доживуваат политиката како мегдан на се или ништо. Доволно е само да се чујат говорите на неприкосновениот на еден од било кој митинзи на опозицијата. Пред присилно и одвај насобраните членови на СДСМ од околните градови, држи беседи, изговара тони флоскули, користи алегории, само уште музички марш му фали во позадина. Дури во Крива Паланка ќе ја повика власта дека "никако не можат да сфатат и разберат дека нивното помина и заврши".

Првите очигледно никогаш не слушнале за термин отчет, одговорност, конкуретност. Се уште ја доживуваат политиката како мегдан на се или ништо. Доволно е само да се чујат говорите на неприкосновениот на еден од било кој митинзи на опозицијата. Пред присилно и одвај насобраните членови на СДСМ од околните градови, држи беседи, изговара тони флоскули, користи алегории, само уште музички марш му фали во позадина. Дури во Крива Паланка ќе ја повика власта дека "никако не можат да сфатат и разберат дека нивното помина и заврши".

Најголемиот жив споменик од најцрните времиња во нашата најнова историја, кој во моментов ја бара дупката на ѓаволот за да му понуди коалиција говори за минати времиња. Најголемиот самопрогласен промотор на демократијата, кој во внатрешните редови веднаш и експресно ја елиминира секоја мисла која е различна од неговата, како џелат ги сече и се обидува со секакви притисоци да ги спречи внатрешните опозициски прогресивни умови и сили, веднаш ги етикетира како седачи на две столици, послушници на ВМРО-ДПМНЕ, тајни соработници на позицијата. За негова несреќа неговите неистомисленици внатре во неговата партија, се се повеќе и повеќе, без оглед колку и да се обидува да им покаже сила, без оглед колку и да се труди да ги заплаши неистомислениците негови, вистината ќе победи, верувам дека има храбри луѓе и кај нив.

Додека во опозицијата се случуваат вакви хајки, а истата претендира да се врати на власт, ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери исполнуваат програми, грчевито се борат за подобро денес и утре. Наместо празни реторики и поетични повици за слобода, еднаквост и правда, ВМРО-ДПМНЕ реализира сега и овде. Во обидот да се привлечат странските инвестиции, Премиерот Никола Груевски посетува земји кои имаат значајно место во меѓународната заедница, членки на Советот на безбедност. Покрај воспоставувањето на поинтензивни билатерални односи, градење пријателство и доверба, тие средби беа користени за презентација на можностите и потенцијалите за инвестирање во земјата.

Најголемиот жив споменик од најцрните времиња во нашата најнова историја, кој во моментов ја бара дупката на ѓаволот за да му понуди коалиција говори за минати времиња. Најголемиот самопрогласен промотор на демократијата, кој во внатрешните редови веднаш и експресно ја елиминира секоја мисла која е различна од неговата, како џелат ги сече и се обидува со секакви притисоци да ги спречи внатрешните опозициски прогресивни умови и сили, веднаш ги етикетира како седачи на две столици, послушници на ВМРО-ДПМНЕ, тајни соработници на позицијата.

Она што во минатото беше незамисливо, а сега е остварливо, Македонија наоѓа свои подржувачи и пријатели ширум светот. Македонија стана земја привлечна за инвестиции, се повеќе и повеќе реномирани компании инвестираат во нашата земја, во нашата иднина. Напорната работа на владиниот тим за привлекување на инвестиции, проектите за промоција на Македонија како земја со поволни услови за инвестирање, превземените мерки и намалените даноци полека но сигурно го раѓаат својот плод, плод за подобра иднина на нашата земја, на нашиот народ.

Изминатава недела бевме посетени од државниот министер за надворешни работи на Индија, Пренит Кор придружувана од голема бизнис делегација. Пред помалку од месец премиерот Груевски оствари мошне значајна средба со рускиот претседател Владимир Путин, а претходно во само две недели, два пати се сретна со кинескиот премиер Вен Џиабао. Дали тоа е дефиницијата за изолационизам и затвореност за која говорат послушниците на гробарите?

Тоа е различно поимање на иднината на државата, за која ВМРО-ДПМНЕ гледа да го изнајде секој начин, да се искористи секоја можност за подобар живот. Колку во последно време Македонија е привлечна земја за странските туристи, говори податокот дека бројот на странските туристи се повеќе и повеќе се зголемува. Доволно е да се прошета низ главниот град и туристичките центри и да се видат бројните туристи дури и од најоддалечените места во светот. Секако нивното внимание не го привлекуваат привремените бараки од 1964 година или руските градби туку изгледот на метрополата денес. Присуството на толкав број туристи влијае и на локалната економија. Главниот спин дека на наредните избори ќе се бира меѓу "камени споменици и судбината на два милиона луѓе" е избледнет и единствено користи за самозажалување.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ достоинствено го остварува ветеното и во време на голема европската криза ги ублажува последиците за македонското стопанство, преку овозможувањето на поволни кредити за македонските компании, преку капиталните инвестиции, преку странските инвестиции и уште многу други проекти и мерки кои придонесуваат за стабилност на македонската економија во време кога цели држави банкротираат. Иако во 2006 година се потсмеваа на владата на ВМРО-ДПМНЕ нарекувајќи ја "земјоделска", кое патем и е апсолутна вистина, бидејќи во изминатиов период има најмногу направено за земјоделците, во јавноста веднаш истрчаа да се изрекламираат врз грбот на ВМРО-ДПМНЕ дека "работното лето" допринело за одлуката да се исплатат субвенциите од 139,28 милиони денари по различни основи. Камо среќа СДСМ изминативе шест години да излегуваше со конструктивни иницијативи, веројатно и државата ќе беше на подобри позиции во однос на суштествени прашања.

Македонија е една и заслужува концепт на идеи, проекти, резултати, истрајност и посветеност, токму затоа остануваме на поставените цели, духовна, национална, културна, економска преродба. Со сите тешкотии, кои дополнително не мотивираат.
Додека некои бираат лета пред да бидат работни, нам годините наназад ни се работни, секој ден, секоја ноќ, постојано се работи, контиунирано се остварува. На секое поле, со сите капацитети. Проект за домување на социјално ранливи категории, проект за нови лаборатории на високообразовните институции, програма за развој на македонското занаетчиство, реконсктрукција на училишта, бесплатни учебници, спортски објекти, се повеќе и повеќе надворешни инвестиции, нови фабрики, нови капитални инвестиции итн, итн... Тоа е нашиот концепт кој трае и се реализира.

Другиот концепт е "работни лета" по потреба, од време на време, небаре во лето 3 месеци никој не работи па сега они измислија топла вода, “работно лето”. Концепт без концепт. Гола реторика, агресивност и спинување, линчување.

Македонија е една и заслужува концепт на идеи, проекти, резултати, истрајност и посветеност, токму затоа остануваме на поставените цели, духовна, национална, културна, економска преродба. Со сите тешкотии, кои дополнително не мотивираат.
Затоа на локалните избори ќе се судрат идејата, реализацијата и иднината на една страна, а на другата страна минатото и апсолутно НИШТО повеќе од тоа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG