Достапни линкови

logo-print

Откриен канал за шверц меѓу Словачка и Украина долг 700 метри


Полицијата открила 700 метри долг тунел за шверц меѓу Словачка и Украина. Словачкиот министер за внатрешни работи Роберт Калинак изјави дека на влезот на тунелот во Словачка биле конфискувани 13.100 штеки цигари. Тунелот од Низне Немече од Словачка излегува во Украина кај Висне Немече. Тунелот исполнувал високи рударски стандарди, во него имало пруги и мал воз за транспорт. Официјалните лица соопштија дека Словачка е во загуба 50 милиони евра од данок од тутун поради шверцуваните цигари во тунелот.
XS
SM
MD
LG