Достапни линкови

Ново републичко координативно тело за заштита од шумски пожари


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Со цел заштита од шумски пожари денеска владата формира републичко координативно тело, во чиј состав се претставници од сите надлежни институции од областа на заштитата од пожари на отворен простор - Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, ЈП „Македонски шуми“, УХМР, Министерствата за животна средина, за внатрешни работи за одбрана.

Отсега Македонски шуми треба да го зајакнат надзорот на терен и ако има опожарување итно да ги известат Дирекцијата за заштита и спасување, a Министерството за одбрана и МВР да ги ангажираат своите хелихоптери за превентивни летови за следење на ситуацијата. Истовремено и градоначалниците се задолжени навремено да екипираат тимови кои доколку би било потребо би гаснеел пожари. Новото тело упати апел до сите граѓани дека е строго забрането палење оган, правење скари, фрлање догорчиња и секаков запалив отпадок и материјали на отворен простор. Оваа забрана, во согласност со Министерството за земјоделство е активирана поради високите температури во овој период во годината и зголемената опасност од појава на пожари.

Против прекршителите на оваа забрана ќе бидат поднесени прекршочни пријави согласно Законот за шуми кој предвидува казна од 1.500 - 2.000 евра и врз основа на Законот за ловство кој пропишува глоба од 1.500 - 3.000 евра.
XS
SM
MD
LG