Достапни линкови

Владите се караат, пограничните општини соработуваат


Macedonia - Shirok Sokak, Bitola, 01Mar2009

Macedonia - Shirok Sokak, Bitola, 01Mar2009

Над 2,5 милиони евра од европските фондови ќе бидат искористени годинава за заеднички проекти на пограничниот регион во Македонија и во Грција.

И покрај заладените односи меѓу Македонија и Грција, се интензивира соработката во пограничните региони. Над 2 и пол милиони евра од европските фондови ќе бидат искористени годинава за заеднички проекти на пограничниот јужен регион од Македонија и северниот на Грција. Битола и Новаци од наша страна и Лерин, Аминтео од грчка, заедно ќе гаснат пожари, ќе го намалуваат аерозагадувањето и ќе ги градат живеалиште за животни во зоолошките градина.
Би сакал да нагласам дека политиката треба да им ја оставиме на политичарите, а ние да се заангажираме и да овозможиме подобри услови за живот за нашите граѓани кои не поддржуваат и гласаат за нас.

Јанис Воскопулос, градоначалник на Лерин, најави поставување на мерни станици кои ќе го мерат аерозагадувањето од термоцентралите кои ги има во пограничниот регион.
Владимир Талески, градоначалник на Битола.

Владимир Талески, градоначалник на Битола.


„Би сакал да нагласам дека политиката треба да им ја оставиме на политичарите, а ние да се заангажираме и да овозможиме подобри услови за живот за нашите граѓани кои не поддржуваат и гласаат за нас. Штетата што ја има во воздухот од испуштањето на гасовите при користењето на лигнитот е штетна за двата региони. Би требало да се заангажираме да се намали тоа штетно дејствие“, рече Воскопулос.
Пожарот не знае граници[...]. Кога ќе треба помош на наша страна слободно да доаѓаат пријателите од Грција, а ако им треба и нив помош веднаш да одиме на нивна страна.

Христос Евангелу, претставник на перфектурата Западна Македонија во Грција, изјави дека пожарите и другите штети не разликуваат граници.

„Соработката ќе овозможи бенефити за населението од двата региони, штетите кои можат да настанат буквално немаат граници. Овие проекти се финансирани од Интерег програмата наменета за развој на пограничните региони“, изјави Евангелу.

Битолскиот градоначалник Владимир Талески најави отворање на нови гранични премини во рамки на договорената соработка.

„Си требаме едни на други и ова што го правиме е голема придобивка за граѓаните. Пожарот не знае граници, па ќе се договориме со Владата на Македонија и на Грција да имаме посебни премини во исклучителни случаи. Кога ќе треба помош на наша страна слободно да доаѓаат пријателите од Грција, а ако им треба и нив помош веднаш да одиме на нивна страна“, рече Талески.

Поради заладените односи меѓу двете држави веќе неколку години беа прекинати проектите од т.н. Еврорегион, кој опфаќаше погранични делови од Македонија, Грција и Албанија.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG