Достапни линкови

logo-print

Охрид се крсти во индиски инвестиции


Архивска фотографија: Индискиот милијардер Субрата Рој ја посети Македонија и се сретна со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Архивска фотографија: Индискиот милијардер Субрата Рој ја посети Македонија и се сретна со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Индискиот милијардер Субрата Рој се интересирал за Галичица, за Љубаниште и за охридскиот аеродром. Локалните власти велат дека евентуалната инвестиција од Индија ќе го препороди Охрид.

И државата и општина Охрид се крстат во индискиот милијардер Субрата Рој и неговата Сахара груп. Очекуваат барем дел од своето богатство да го вложи во Охрид. Надеж им дава тоа што за кратко време двапати беа во Македонија, а при нивната втора посета речиси една недела останаа во Охрид. Детално го разгледале нашиот најголем туристички центар.
Нивните планови се насочени да се видат сите потенцијал кои можат да ги дадат, посебно Охридското и Преспанското Езеро, во оној дел што е поврзан со туризам, со можност за изградба на голф терени, хотели и се она што е поврзано со еден таков ресорт со различни теми. Го испитуваа теренот, но многу подетално од првиот пат. Затоа има многу повеќе луѓе вклучувајќи ги и главните луѓе за корпоративна стратегија и развој.

Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, вели дека нема нешто што не им се допаднало. Во делегацијата беа и претставници на Сахара груп од Англија, експерти за голф терени, филмска индустрија, архитекти.

„Нивните планови се насочени да се видат сите потенцијал кои можат да ги дадат, посебно Охридското и Преспанското Езеро, во оној дел што е поврзан со туризам, со можност за изградба на голф терени, хотели и се она што е поврзано со еден таков ресорт со различни теми. Го испитуваа теренот, но многу подетално од првиот пат. Затоа има многу повеќе луѓе вклучувајќи ги и главните луѓе за корпоративна стратегија и развој“, вели Мизо.

Индијците најмногу око фрлиле на Галичица. Детално се интересирале за планинската убавица, колку месеци во годината има снег, температурата на воздухот, врнежите на снег во последните пет години. Детално го разгледале и охридскиот аеродром, дури и должината на аеродромската писта, додава Мизо.
Ние им побаравме, после тие наши разговори, да направат идејно решение како тие го замислуваат целиот тој простор. И повторно да седнеме и што од тоа може да се реализира. Од разговорите што ги имавме мислам дека тие имаат желба да инвестираат бидејќи дојдоа со архитекти и со планери кои бараа што ние сакаме таму.

„Со Индијците има некаков поголем интерес. Не сакам да кажам дека другите не се заинтересирани, но работата е тргната, е побрза, бидејќи претседателот и сопственикот на компанијата беше навистина фасциниран. Конкректно ќе се знае кога ќе ги завршат нивните анализи и кога ќе направат некој потенцијален план и очекуваме во еден период кога ќе ги направат нивните анализи да претстават кој е нивниот план“, вели Мизо.

Бранко Арнаудов, раководител на секторот за урбанизам во општина Охрид вели дека Индијците на средбата со него најмногу се интересирале за Љубаништа и целиот тој простор таму.

„Тие прашаа која е стратегијата на општината за тој простор. Стратегијата на општината е да се изгради некој елитен хотел со сите содржини. Кај нив постои интерес. Ние им побаравме, после тие наши разговори, да направат идејно решение како тие го замислуваат целиот тој простор. И повторно да седнеме и што од тоа може да се реализира. Од разговорите што ги имавме мислам дека тие имаат желба да инвестираат бидејќи дојдоа со архитекти и со планери кои бараа што ние сакаме таму“, вели Арнаудов.

Од општината сметаат дека евентуалната инвестиција на Индијците ќе го препороди Охрид. Од таму очекуваат конкретните проекти и понуди на индиската страна да ги добијат наскоро.
XS
SM
MD
LG