Достапни линкови

Јахјага- Косово сака добри односи со Србија


Претседателката на Косово Атифете Јахјага и генералниот секретар на НАТО Андрес фог Расмусен.

Претседателката на Косово Атифете Јахјага и генералниот секретар на НАТО Андрес фог Расмусен.

Претседателката на Косово Атифете Јахјага за време на средбата со генералниот секретар на НАТО Андрес фог Расмусен во Брисел оценила дека Косово како „суверена и независна држава, стана фактор за мир и стабилност во регионот и сака да развива добри односи со соседите“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Јахјага.
Вакви добри односи Косово сака да има и со северниот сосед со Република Србија, затоа што иднината на целиот регион лежи во европската интеграција, каде може да стигнеме со заемна помош, се наведува во соопштението од Кабинетот на Јахјага.
XS
SM
MD
LG