Достапни линкови

logo-print

Нови судири во близина на владата во Дамаск


Дамаск

Дамаск

Армиските сили и опозициските борци се судрија во близина на главното седиште на сириската влада во Дамаск. Армијата истевремено стрелала од артилериско оружје врз предградијата на Дамаск каде што од неделата има борби меѓу владините сили и бунтовниците.
Според опозицијата, артилеријата е во одмазднички напад поради убиството на тројцата високи членови на режимот на Башар ал Асад.
Шефот на опозициониот Сириски Национален Совет Абделбасет Сида во Катар претходно изјави дека востанието во Сирија е на пресвртна историска точка по вчерашниот бомбашки напад во Дамаск во кој загинаа министерот за одбрана Дауд Рајха, зетот на Претседателот Башар ал Асад и заменик министерот за одбрана Асеф Шавкат, како и шефот на кризниот менаџмент Хасан Туркомани.
Во нападот беше повреден и министерот за внатрешни работи Ибрахим ал Шаар. Генералниот Секретар на ОН Бан ки Мун го повика Советот за безбедност да ја усвои резолуцијата за Сирија на која и се противат Русија и Кина.
XS
SM
MD
LG