Достапни линкови

logo-print

Балканот не е имун на тероризам


При експлозија во автобус со израелски туристи во Бургас загинаа најмалку осум лица, а околу 30 се повредени.

При експлозија во автобус со израелски туристи во Бургас загинаа најмалку осум лица, а околу 30 се повредени.

Балканот, а со тоа и Македонија, не е имун на терористички напади. Сепак, домашните експерти не очекуваат создавање поголеми кризни жаришта.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски испрати писмо со сочувство до шефот на дипломатијата на Израел Авигдор Либерман за терористичкиот напад врз израелски туристи што вчера се случи во бугарското летувалиште Бургас.
Изразувајќи сочувство и жалење за жртвите во нападот – израелски државјани, министерот Попоски во писмото нагласува дека овој терористички акт ја потврдува потребата од поблиска соработка и преземање заеднички активности, на регионално и на глобално ниво, против тероризмот – како заедничко зло со кое се соочуваме, информира Министерството за надворешни работи.

Тероризмот не признава граници, па според тоа ниту една влада на Балканот не смее да биде мирна по последниот трагичен настан во Бугарија. Сепак, домашните експерти не очекуваат создавање на поголеми кризни жаришта кои би биле директна закана за безбедноста на државата.
Активностите кои ги изведуваат ваквите терористички групации може да предизвикаат опасност на микролокацијата каде што делуваат и од тој аспект да создадат одредена опасност по безбедноста на тоа место на изведување на таквите активности.

„Меѓутоа, активностите кои ги изведуваат ваквите терористички групации може да предизвикаат опасност на микролокацијата каде што делуваат и од тој аспект да создадат одредена опасност по безбедноста на тоа место на изведување на таквите активности“, изјави Благоја Марковски, претседател на Балканскиот форум за безбедност.
Полицијата врши увид на местото каде што беа убиени пет момчиња во близина на Смилковското Езеро кај Скопје. МВР соопшти дека убиството е дело на исламистички терористи.

Полицијата врши увид на местото каде што беа убиени пет момчиња во близина на Смилковското Езеро кај Скопје. МВР соопшти дека убиството е дело на исламистички терористи.


Дека земјава не може да биде имуна на глобалните безбедносни ризици, укажува и професорот Владимир Пивоваров. Според него, учеството на Македонија во антитерористичките активности може да ги поттикне терористичките групации да дејствуваат на територија на Македонија во знак на одмазда.
Вакви активности и предизвици по безбедноста во регионот на југоисточна Европа, и посебно на Балканот, е сосема можно и од тој аспект ниедна земја на Балканот не треба да биде изолирана од ваквите опасности.

„Значи, учествуваме во странски мисии, тоа е една од можните идни закани за Република Македонија, затоа што тероризмот секогаш ја наоѓа најслабата точка каде што треба да дејствува.“

Последниот терористички акт во Бугарија е доказ дека тероризмот во рамките на глобализацијата е се поблиску до нас и оти терористичките организации многу добро соработуваат меѓусебе и брзо се организираат во намерата да направат злодело.

„Вакви активности и предизвици по безбедноста во регионот на југоисточна Европа, и посебно на Балканот, е сосема можно и од тој аспект ниедна земја на Балканот не треба да биде изолирана од ваквите опасности.“

Пивоваров укажува на потребата од будна контрола и професионално реагирање на безбедносните служби за да се спречи потенцијален терористички акт. Ослабувањето на безбедносниот систем е една од важните алки во плановите на терористичките организации, предупредува Пивоваров.

„Целта на ваквите разузнавачки служби е да ги спречат актите. Ако актот се случи значи дека разузнавачката служба не си ја извршила задачата, за жал имавме такви случаи во Македонија кога не ги извлековме поуките и не направивме реорганизација на службите што значеше дека нешто не функционира.“

Според експертите, како потенцијална закана за безбедноста на земјава претставуваат активностите на неконтролирани криминални групи кои применуваат терористички методи и средства, како и опасноста од радикално дејствување. Но, треба да се земе предвид и фактот дека безбедносен ризик може да претставува и учеството на Република Македонија во странски мисии. Во моментот 200 војници надвор од земјава учествуваат во мировните мисии за борба против тероризмот. Од Министерството за одбрана велат дека засега не се размислува за зголемување на нивниот број.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG