Достапни линкови

Учество на младите во градење на демократија


Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.

Дарко Давитковски, претседател на Социјалдемократската младина на Македонија.

Развиените земји знаат дека старите методи не вршат работа во новото време и затоа брзо се адаптираат да ја обезбедат својата иднина. Наместо во овие времиња да се трошат средства за промоција на квази културолошки и историски вредности, може да се создадат толку многу програми кои преку веќе постоечките агенции на владата ќе ги насочат и активираат младите во оваа држава во продуктивна насока, пишува претседателот на СДММ, Дарко Давитковски во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Изминативе дваесет дена имав можност да учествувам на една одлична програма наречена „интернационална младинска програма за лидери“ во Соединетите Американски Држави на покана од Американската амбасада во Скопје. За прв пат имав можност да ја видам земјата за која предрасудите ни се изградени најчесто од холивудските сценарија.
Во последните години за жал станува тренд кај младиот човек пасивноста и незаинтересираноста да се вклучи во процесот на донесување одлуки. Затоа во некои земји се превземаат мерки и воведуваат програми, обуки и активности поттикнати од невладини организации помогнати од државни фондови за подигањето на свеста за демократијата кај младиот човек.

На самиот влез во земјата по пасошката контрола, првата мисла ми беше, толку? нема повеќе контроли? Па ова е лесно, сега можам да шетам. Но целта на програмата не беше да нè прошетаат од источниот брег до западниот. Оваа програма има за цел да ги стави на увид демократијата, граѓанскиот и политичкиот живот. Од блиску да нè запознае со концептот на демократијата и начинот на функционирање на американското општество како и да покаже како ги пронаоѓа лидерите и како се градат лидерски капацитети во повеќе области почнувајќи од образованието, невладиниот сектор, сè до политичките партии и државната власт.

Не бев свесен, а и немаше да бидам, ако не ја имав можноста да бидам дел од програмата за тоа колкаво внимание се посветува на младите, младинските проблеми и младинските политики во оваа земја. Ако нешто добро разбрав тоа е дека оваа земја својата демократија ја темели на правото да секој поединец да биде дел од процесот на одлучување и носење одлуки. Буквално секаде, од избор на школски одбори, избор на градоначалник до избор на претседател на САД. Секој има право да учествува, а кој колку ќе го искористи тоа право е негов избор.

Во последните години за жал станува тренд кај младиот човек пасивноста и незаинтересираноста да се вклучи во процесот на донесување одлуки. Затоа во некои земји се преземаат мерки и воведуваат програми, обуки и активности поттикнати од невладини организации помогнати од државни фондови за подигањето на свеста за демократијата кај младиот човек. Целта и пораката на повеќето владини и невладини организации како и начинот на работа е да промовираат младински политики, но и да ги подучат младите дека покрај основното, средното и високото образование постои и друг вид на образование кое може да ги направи продуктивни и поефикасни граѓани.

Но во никој случај не смеат да ги злоупотребат средствата како што тоа беше направено со Националната агенција за Европски програми каде што ги затворија фондовите од ЕУ за нашата земја, благодарејќи на расипаноста на вмровските кадри. Наместо да бидеме место од каде што младите сакаат да избегаат треба да бидеме место каде што младите ќе сакаат нешто да создадат и тука да останат.
Скоро сите организации имаат развиено јавни полити преку истражувањата, информациите и застапувањето за истите. Споредбата со земјите изгледа можеби како научна фантастика но сепак, за разлика од средина во каква што ние живееме во која на секој чекор власта се обидува да го потисне критичкото размислување, овде младите добиваат шанса да ги вокализираат работите кои ги гледаат. И можеби некој ќе каже дека вниманието што го добиваат е исто, но добиеното искуство е многу поголемо затоа што имаат повеќе можности да бидат вклучени. Всушност така и се гради личноста, преку искуството што ќе го стекне од најрана возраст.

Сумата која федералната власт ја троши на младинските политики е огромна, но тоа е така затоа што живееме во време во кое напредокот и растот на општеството сигнализира дека вниманието кое го добива младиот човек не е доволно. Развиените земји знаат дека старите методи не вршат работа во новото време и затоа брзо се адаптираат да ја обезбедат својата иднина. Наместо во овие времиња да се трошат средства за промоција на квази културолошки и историски вредности, може да се создадат толку многу програми кои преку веќе постоечките агенции на владата ќе ги насочат и активираат младите во оваа држава во продуктивна насока.

Но во никој случај не смеат да ги злоупотребат средствата како што тоа беше направено со Националната агенција за Европски програми каде што ги затворија фондовите од ЕУ за нашата земја, благодарејќи на расипаноста на вмровските кадри. Наместо да бидеме место од каде што младите сакаат да избегаат треба да бидеме место каде што младите ќе сакаат нешто да создадат и тука да останат.

Вработувањето на младите не значи и водење сметка и долготрајна политика за младинските политики туку тоа значи еднократна победа во политичката борба за власта. Затоа СДММ како водечки политички подмладок, се бори за промена на положбата на младиот човек во ова општество. СДММ и понатаму ќе предлага решенија кои ќе значат подобрување на животот за сите граѓани. ќе продолжи да работи на политичко едуцирање и активирање на младиот човек во општествениот живот, бидејќи тоа е за заедничкото добро на сите. Тоа сме го правеле и од позиција на власт и од опозиција, бидејќи покажавме дека знаеме да инспирираме младински идеи за подобро утре.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG