Достапни линкови

logo-print

Бомбаш самоубиец во нападот во Бургас


Бугарските власти ја почнаа истрагата за вчерашната експлозија во Бургас во која загинаа најмалку 7 луѓе, додека над 30 се ранети. Според последните информации, станува збор за акт на бомбаш самоубиец. Агенциите потсетуваат дека ова е најсмртоносен напад врз израелски граѓани во странство од 2004 година.

Бугарските власти денеска соопштија дека експлозијата на аеродромот во Бургас најверојатно била предизвикана од бомбаш самоубиец.

Имаме основано сомневање да веруваме дека тоа е дело на атентатор самоубиец. Работиме заедно со колегите од ФБИ и ЦИА и засега немаме информации за можниот организатор. Значи со сигурност можеме да кажеме дека еден од жртвите имал фалсификувани документи.
„Имаме основано сомневање да веруваме дека тоа е дело на атентатор самоубиец. Работиме заедно со колегите од ФБИ и ЦИА и засега немаме информации за можниот организатор. Значи со сигурност можеме да кажеме дека еден од жртвите имал фалсификувани документи“, изјави денеска во Бургас бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Министерот за внатрешни работи Цветан Цветанов рече дека бомбашот имал лажна американска возачка дозвола издадена во Мичиген.

Тој додаде дека загинале осум луѓе, 5 Израелци, еден бугарски граѓанин и бомбашот самоубиец.

Претходно, шефот на дипломатијата Николај Младенов, како што јавуваат агенциите, му рекол на неговиот израелски колега Авигдор Либерман дека експлозијата била причинета од бомба, поставена во автобусот што требало да превезува израелски туристи кои 40 минути пред тоа слетале на аеродромот во Бургас.
Ние сме во постојана борба против нив. Решени сме да ги идентификуваме оние што го подготвија нападот. Во меѓувреме, решени сме да не престанеме да живееме нормално и да патуваме под одредени мерки на претпазливост.

Израелските медиуми јавуваат дека повеќето од нив биле матуранти. Израел и Бугарија имаат добри односи, а црноморското крајбрежје, со оглед на ниските цени, во изминативе години стана популарно место за Израелците, особено за средношколците пред нивното заминување на задолжителната воена служба. Тел Авив и претходно предупредуваше дека Израелците би можеле да станат цел на терористички напади во Бугарија.

Во јануари израелските медиуми јавија дека бугарските власти во еден автобус предвиден за превезување израелски туристи во еден ски центар откриле поставена бомба.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веднаш го обвини стариот непријател Иран за експлозијата во Бургас.

„Израел силно ќе одговори на иранскиот терор“, наведе Нетанјаху, додавајќи дека во изминативе неколку месеци имало слични ирански обиди насочени против израелски граѓани во Тајланд, Индија, Грузија, Кенија и Кипар.

Американскиот претседател Барак Обама, не спомнувајќи го Иран, оцени дека станува збор за варварски терористички чин.

„Соединетите Држави ќе помогнат во идентификувањето и во донесувањето пред лицето на правдата на организаторите на овој напад“, изјавил Обама во телефонскиот разговор со Нетанјаху кој, пак, како што е соопштено, му рекол дека Иран и Хезболах спроведуваат глобална терористичка кампања.

„Иран е држава на глобален тероризам. Затоа мора да сноси последици“, оценил Нетанјаху.

Министерот за одбрана Ехуд Барак, пак, прецизира дека станува збор за исламски радикални групи како Хезболах, Хамас и Џихад кои се поддржани од Иран.

„Ние сме во постојана борба против нив. Решени сме да ги идентификуваме оние што го подготвија нападот. Во меѓувреме, решени сме да не престанеме да живееме нормално и да патуваме под одредени мерки на претпазливост.“

Иран ги отфли обвинувањата како смешни и сензационалистички. Вчершниот бомбашки напад се случи на денот на 18-годишнината од нападот врз Еврејскиот центар во Аргентина кога загинаа 85 луѓе.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG