Достапни линкови

САД оцени дека Асад ја губи контролата врз сирискиот режим


Белата куќа оцени дека Сирискиот претседател Башар Ал Асад ја губи контролата врз сирискиот режим , откако четворица членови на неговиот кабинет загинаа во експлозија на бомба за време на нивната средба на највисоко ниво во владата вчера.Убиени се министерот за одбрана Дауд Рајиха,заменик министерот Асеф Шавкат и шефот за кризни ситуации Хасан Туркомеани, кои веднаш загинале во експлозијата додека министерот за внатрешни работи Ибрахи Ал Шар подоцна им подлегнал на повредите.Исламистичката бунтовничка група и Слободната Сириска Армија ја презедоа одговорноста за нападот.Во Вашингтон Белата куќа соопшти дека претседателот Барак Обама зборувал со рускиот претседател Путин на телефон и двајцата лидери се согласиле за потребата од подршка на политичка транзиција во Сирија колку што е можно побргу.
XS
SM
MD
LG