Достапни линкови

logo-print

На Балканот судбината на 13,000 исчезанти во војните сеуште е непозната


Меѓународниот Комитет на Црвениот Крст соопшти дека над 13,000 луѓе и натаму се исчезнати од војните на Балканот од 1990 та година.Барбара Хинтерман, главен претставник на организацијата ги повика властите во Загреб и Белград да ги интезивираат напорите да ги најдат исчезнатите.Таа кажа дека главен проблем е што власите не ги споделуваат информациите со претставници на нивната организација околу можно постоење на масовни гробници. Најголем дел од исчезнатите според организацијата се поврзани со конфликтот во БИХ, каде се проценува дека се исчезнати околу 9,000 лица,додека останатите се од конфликтот во Хрватска и од конфликтот на Косово.
XS
SM
MD
LG