Достапни линкови

Нетанхају го обвинува Иран за нападот во Бугарија


Аеродромот во Бургас.

Аеродромот во Бургас.

При експлозија во автобус со израелски туристи загинаа најмалку осум лица, а околу 30 се повредени. Нападот се случи на аеродоромот во Бургас, Бугарија.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини Иран за експлозијата во автобус со израелски туристи во кој загинаа најмалку осум лица, а повредени се речиси 30 други. Експлозијата се случи на аеродромот во бугарскиот црноморски град Бургас кратко време откако слетал авионот од Тел Авив.
Уништениот автобус.

Уништениот автобус.


Бугарија е популарна дестинација за израелските туристи.
Нетанјаху изјави дека во последните неколку месеци имало неколку обиди од страна на Иран да се нападнат израелски државјани во Тајланд, Индија, Грузија, Кенија, Кипар и други места. Иран негираше каква било поврзаност со тие напади.
Нетанјаху изјави дека денешниот напад е токму на 18-годишнината од експлозијата во Еврејскиот центар во Аргентина.

Бугарската полиција ја нарече експлозијата терористички чин, но предупреди дека не може да ја потврди националноста на загинатите и на повредените.

Бугарскиот министер за внатрешни работи Цветан Цветанов рече дека полицијата истражува две можни причини за експлозијата, едната дека експлозивната направа била ставена во автобусот пред да се качат туристите и другата дека имало експлозив во багажот на туристите.

Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев отиде на местото на експлозијата.

Во Израел, премиерот Нетанјаху објави соопштение во врска со нападот во кое се наведува дека „сите знаци упатуваат на Иран“.

Нетанјаху изјави дека во последните неколку месеци имало неколку обиди од страна на Иран да се нападнат израелски државјани во Тајланд, Индија, Грузија, Кенија, Кипар и други места. Иран негираше каква било поврзаност со тие напади.

Нетанјаху изјави дека денешниот напад е токму на 18-годишнината од експлозијата во Еврејскиот центар во Аргентина.

Иран се уште не даде каква било изјава во врска со нападот или, пак, да врати на обвинувањата дека Техеран е вмешан.

Европскиот комесар Кристалина Георгиева, рече дека е „шокирана и жали за експлозијата“.

Владата на САД го осудија нападот. Портпаролот на Белата куќа Џеј Карнеј рече дека САД е со израелскиот народ и со народот на Бугарија.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG