Достапни линкови

Вардар прими два гола во 90 минута и изгуби од БАТЕ Борисов


ФК Вардар ја прославува титулата шампион на Македонија за 2012.

ФК Вардар ја прославува титулата шампион на Македонија за 2012.

Со два примени гола во 90 минута, Вардар изгуби 3-2 од белорускиот шампион БАТЕ Борисов на гостувањето во Минск. Во првиот меч од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите, македонскиот шампион имаше шанса да се врати со победа во пресрет на реванш мечот што ќе се игра на 25-ти јули во Скопје.

На полувремето Вардар губеше 1-0. Голот за Белорусите го даде Дмитри Мозолевски во 41 минута. Во второто полувреме, македонскиот фудбалски шампион направи пресврт, со головите на Јован Костовски во 54 и на Остоја Стјепановиќ во 62 минута. Сепак, црвено-црните не успеаја да ја заджат предноста до крајот на натпреварот. Во 90 минита, Белорусите го израмнија резултатот на 2-2 со голот на Витали Родионов, а веднаш потоа гол даде и српскиот дефанзивец во редовите на БАТЕ Борисов Марко Симиќ за конечни 3-2.

Пред натпреварот, фудбалерите на Вардар изјавија дека не ја прифаќаат улогата на аутсајдер на овој натпревар. Рекоа дека се свесни за квалитетите на БАТЕ Борисов, но и за сопствените квалитети.
XS
SM
MD
LG