Достапни линкови

Грчки и кипарски бизнисмени меѓу најбогатите луѓе во Британија


Бизнисмени од Грција и од Кипар се меѓу најбогатите луѓе во Велика Британија, покажува рангирањето на весникот „Сандеј тајмс“.
Според британскиот весник и покрај економската рецесија богаташите на островот се побогати од кога и да било, при што богатството им изнесува вкупно 414 милијарди британски фунти или 508 милијарди евра.

Годишното рангирање вклучува 16 грчки и кипарски бизнисмени, кои поседуваат бродови или развиваат дејност во трговијата и секторот на недвижен имот.

Најбогатиот Кипранец, според „Сандеј тајмс“ е Аликис Давид со богатство, кое изнесува 1,1 милијарди британски фунти. Втор е Стелиос Хаџијану, сопственик на нискотарифна авионска компанија „Изи џет“ (Easy Jet).

На врвот на богатите Грци во Велика Британија е Аристотелис Мицакидис, кој е на чело на мултинационалната компанија „Гленор“. Тој го зазема 28-то место во списокот со најбогатите жители на островот.
XS
SM
MD
LG