Достапни линкови

Дејвид Камерон во ненајавена посета на Авганистан


Британскиот премиер Дејвид Камерон.

Британскиот премиер Дејвид Камерон.

Британскиот премиер Дејвид Камерон е во ненајавена посетата на Авганистан. Тој во јужната провинција Хелманд разговараше со британските воени претставници и со авганистанските власти. По посетата на војниците во базата во Лашкар Га и во помалата база во Над Али, Камерон, рече дека добро напредува предавањето на должностите за безбедноста на локалните сили. Британскиот контингент е втор по големина во Авгансистан, после американскиот. Британија планира да повлече 500 војници до декември, но не дава временска рамка кога другите ќе ја напуштат земјата.
XS
SM
MD
LG