Достапни линкови

Сирија- Асад назначи нов министер за одбрана по убиството на Раџа


Дамаск.

Дамаск.

По убиството на сирискиот министер за одбрана Даут Раџа во Дамаск, сирискиот претседател Баша ал -Асад веднаш назначи нов министер за одбрана. Две групи ја презедоа одговорноста за нападот кој се случи во зградата на национална безбедност. Едните се нарекуваат „Бригада на исламот“, а другите се Слободната сириска армија. Нивните тврдења веднаш не може да се утврдат.
Ова е четврти ден од борбите во Дамаск. Владините сили користат тенкови, ракети, и хеликоптери за да се справат со опозициските бунтовници. Ројтерс цитирајќи извори од безбедносните служби, објави дека бомбашот самоубиец работел како телохранител на соработници на Асад.
XS
SM
MD
LG