Достапни линкови

Карзаи- влада не може да обезбеди правна држава


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека неговата влада не е во можност да обезбеди правна држава. Карзаи рече дека и покрај напредокот во изминатата деценија, неговата влада не може да ги задоволи очекувањата за подобрување на владеењето на правото. Тој изјави дека неговата администрација е далеку од „исцелувањето на болките и страдањате“ на авганистанските луѓе. Корупцијата во авганистанските судовите ги тера Авганистанците да го претпочитаат традиционалниот правен системи. Споровите во локалните заедница често се решаваат од страна на селските совети. Во делови на земјата каде што талибанските бунтовници се најактивни, селаните го применуваат испамскиот закон. Изјавата на Карзаи доаѓа откако Хјуман рајтс воч соопшти дека обвинителите и судиите во Авганистан се меѓу најкорумпираните луѓе во земјата.
XS
SM
MD
LG