Достапни линкови

Вершбоу - За НАТО е потребен консензус


Прес-конференција на министерот за надворешни работи Никола Попоски и заменик генералниот секретар на НАТО Алаксандар Вершбоу во Скопје.

Прес-конференција на министерот за надворешни работи Никола Попоски и заменик генералниот секретар на НАТО Алаксандар Вершбоу во Скопје.

Алијансата одлучува по пат на консензус. За да биде сменета одлуката донесена со консензус е потребен консензус, вели заменик шефот на НАТО Александар Вершбоу.

Тука сум за да покажам дека вашата земја ни е важна во НАТО и ние сме посветени на тоа да го забрзаме вашиот пат кон зачленувањето, порача заменик генералниот секретар на Алијансата Алаксандар Вершбоу, по средбата со владините претставници во Скопје. За ваква одлука е потребен консензус и тука Алијансата нема план Б доколку не се реши спорот за името, потврди претставникот на НАТО.
Алијансата одлучува по пат на консензус. За да биде сменета одлуката донесена со консензус е потребен консензус.

„Одлуката од 2008 година којашто беше потврдена и во Чикаго покажа дека Алијансата одлучува по пат на консензус. За да биде сменета одлуката донесена со консензус е потребен консензус“, рече Вершбоу.
Премиерот Никола Груевски се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО Алаксандар Вершбоу во Скопје.

Премиерот Никола Груевски се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО Алаксандар Вершбоу во Скопје.


Според министерот за надворешни работи Никола Попоски, Македонија досега многу пати покажала дека го заслужува местото во Алијансата.

„Она што би го очекувале е да продолжиме со реализирање на нашето однесување како земја членка на НАТО, но исто така и НАТО алијансата да ја препознае вредноста, а секако и онаа земја членка која досега го опструираше патот за зачленувањето на Македонија да покаже и зрелост и концепт и конкретна контрибуција за да го заокружиме тој процес на Балканот“, рече Попоски.
Очекувамеда можеме да видиме повратни информации од страна на Атина кои ќе покажат и дефакто посветеност и дефакто конструктивност.

На прашањето дали сите овие посети, вклучувајќи ја денешната како и најавената на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун како и на медијаторот Нимиц на Скопје и на Солун наредната недела, значат придвижување на процесот за решавање на спорот за името, Попоски, како што рече, гледа како на можност за креирање клима која би водела кон надминување на спорот.

„Тоа што го очекуваме и при оваа посета, како и при секоја друга, е да можеме да видиме повратни информации од страна на Атина кои ќе покажат и дефакто посветеност и дефакто конструктивност“, рече Попоски.

Вершбоу во Скопје се сретна и со премиерот Груевски и со министерот за одбрана Фатмир Бесими. Како што соопшти самиот, ова е дел од неговата посета на три земји од регионот кои се стремат кон членство во НАТО.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG