Достапни линкови

logo-print

Состанок на грчката влада за намалување на трошоците


Евангелос Венизелос .

Евангелос Венизелос .

Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска се сретна со лидерите на коалициските партнери Евангелос Венизелос и Фотис Кувелис со кои се обидуваат на изнајдат начини како во наредните две години да намалат уште 11,7 милијарди евра во трошоците.
Дописникот на МИА од Атина јавува дека и на овој состанок немало некои нови, досега неслушнати предлози, ниту пак биле предложени нови драстични мерки кои ќе треба да им се достават на претставниците на тројката при следната посета на Атина наредната недела.
Венизелос по состанокот повторил дека нема да се воведуваат нови мерки на штедење, туку треба да се имплементираат веќе постоечките. Околу намалувањето на дополнителни 11,6 милијарди евра во наредните две години, лидерот на ПАСОК изјавил дека за евентуални мерки ќе се разговара по следната средба со тројката.
XS
SM
MD
LG