Достапни линкови

logo-print

Зонско паркирање за средување на хаосот во Битола


Паркинг во Битола.

Паркинг во Битола.

Општина Битола нарача физибилити студија со која точно ќе се ограничат зоните за паркирање во градот.

Битола наскоро ќе добие зонско паркирање со цел да се среди сообраќајниот хаос со паркираните возила во градот. Општината нарача физибилити студија со која точно ќе се ограничат зоните во Битола. Првата зона ќе треба да го опфаќа централното јадро, втората поширокиот дел, а третата периферијата. Предвидено е да бидат опфатени 1.950 паркинг места.
Во прва зона цената ќе се движи по 30 денари на секои два саати од 7 до 17 часот. За секој нареден час граѓаните ќе плаќаат по 10 денари плус. Од 17 до 02 часот по полноќ цената е 20 денари, а од 02 до 07 има слободно паркирање. Во втората зона од 07 до 17 часот цената е 20 денари, а во третата 20 денари за три часа.

Сашо Илијовски од комуналната комисија вели дека во просек цените за два часа паркирање ќе се движат од 20 до 30 денари во зависност од реонот.
Оштетена улица во Битола.

Оштетена улица во Битола.


„Во прва зона цената ќе се движи по 30 денари на секои два саати од 7 до 17 часот. За секој нареден час граѓаните ќе плаќаат по 10 денари плус. Од 17 до 02 часот по полноќ цената е 20 денари, а од 02 до 07 има слободно паркирање. Во втората зона од 07 до 17 часот цената е 20 денари, а во третата 20 денари за три часа“, вели Илијовски.

Најголемиот дел од битолчани имаат позитивен став за оваа иницијатива, само сметаат дека за да се реши хаосот со паркирањата потребни се нови паркинг простори.
Не гледам проблем во воведувањето на зонското паркирање. Граѓанинот ќе знае дека нема да врти три пати низ центарот на градот за да најде слободно место, а и пешакот ќе знае дека пешачката патека ќе биде за него и нема да биде узурпирана. Но, на граѓаните треба да им се објасни тој надомест кому се уплаќа и што со него.

„Ќе се воспостави ред, не како сега кој каде ќе му текне ќе ја остави колата. Се создава гужва, низ градот многу коли се и не може да се помини. Вака ќе се знае каде е дозволено паркирање, ќе се плати и ќе биде возилото безбедно.“

„Редно беше еднаш во Битола да се уреди паркирањето зашто Битола е град кој релативно има најголем број на возила по број на жители. Паркирањето е најголемиот проблем. Човек не може да излези со кола да заврши некоја работа зашто нема каде да ја паркира“, коментираат анкетираните битолчани.

Професорката Кристи Бомбол од Техничкиот факултет смета дека зонското паркирање ќе реши дел од сообраќајниот метеж и ќе овозможи поголема безбедност на учесниците во сообраќајот.

„Не гледам проблем во воведувањето на зонското паркирање. Граѓанинот ќе знае дека нема да врти три пати низ центарот на градот за да најде слободно место, а и пешакот ќе знае дека пешачката патека ќе биде за него и нема да биде узурпирана. Но, на граѓаните треба да им се објасни тој надомест кому се уплаќа и што со него“, вели Бомбол.

Јавните паркинзи во Битола ќе бидат дадени на концесионер кој ќе мора да воведи електронски систем на наплата.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG