Достапни линкови

Средба Бесими- Вершбоу во Скопје


Заменик генералниот секретар на НАТО, амбасадорот Александар Вершбоу.

Заменик генералниот секретар на НАТО, амбасадорот Александар Вершбоу.

Македонија останува цврсто посветена на своите заложби за членство во НАТО и за непрекинат придонес кон меѓународните мировни мисии, изјавил минстерот за одбрана Фатмир Бесими на денешната средба со заменик-генералниот секретар на НАТО Александер Вершбоу, кој е во еднодневна посета на Македонија.

Заменик-генералниот секретар на НАТО, Вершбоу, како позитивен елемент го посочил фактот дека нема промена во дефинираната стратегиска агенда на државата, укажувајќи на тоа дека интеграцијата на регионот во евроатлантските структури е најадекватен начин за гарантирање на просперитетот во пошироки рамки. На средбата станало збор и за прашањата поврзани сo буџетот за одбраната и Вершбоу изјавил дека очекува буџетските средства наменети за одбраната во иднина да бидат зголемени.

Покрај средбата со министерот за одбрана, заменикот на генералниот секретар на НАТО во рамките на својата посета ќе има средби и со премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Никола Попоски и лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети.
XS
SM
MD
LG