Достапни линкови

Азербејџан реагира за изборите во Нагорно - Карабах


Војници во Нагорно Карабах

Војници во Нагорно Карабах

Министерство за надворешни работи на Азербејџан соопшти дека ќе ги прогласи за персона нон грата сите странски граѓани кои патуваат во отцепениот регион Нагорно-Карабах да ги набљудуваат претседателските избори кои треба да се одржат утре. Портпаролот на Министерство за надворешни работи вели дека одржувањето на изборите во сепаратистичкиот регион го поткопува преговарачкиот процес меѓу Азербејџан и Ерменија во насока на решавање на конфликтот. Преговорите се одвиваат со меѓународно посредство. Ерменија и Азербејџан три децени водат конфлик за Нагорно-Карабах. Минатиот месец, најмалку девет војници од двете страни беа убиени во серија инциденти долж азербејџанско-ерменската граница со Нагорно-Карабах.
XS
SM
MD
LG