Достапни линкови

logo-print

Врските со дијаспората меѓу приоритетите на Владата


Методија Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора.

Методија Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора.

Македонската дијаспора претставува значаен и нераздвоен дел на секоја држава, изјави премиерот Никола Груевски на третата годишна конференција на иселеничките организации која се одржува во Скопје. Груевски изјави дека негувањето и унапредувањето на врската на Македонците од дијаспората со својата татковина, како и нивната инволвираност во развојот на земјата се едни од најзначајните интереси и приоритети на Владата.

„Во време кога се уште не е затворено македонското прашање, кога се уште постојат некои сили кои се надеваат дека ќе успеат да го разнебитат чувството на македонскиот народ вашата поддршка е од големо значење“, рече Груевски.
XS
SM
MD
LG