Достапни линкови

Убиен сирискиот министер за одбрана во Дамаск


Сирискиот министер за одбрана Дауд Раџа е убиен при напад на бомбаш самоубиец во центарот на Дамаск, соопшти сириската државна телевизија. При нападот се повредени и неколку други официјални претставници на режимот на претседателот Башар ал-Асад. Нападот се случил во зградата за национална безбедност. Во Дамаск веќе четири дена беснеат борбите меѓу владините сили и бунтовниците.
Подоцна денеска се очекува Советот за безбедност на ОН да гласа за нацрт-резолуција со која ќе се реши сирискиот конфликт. Не се знае дали резолуцијата ќе биде изгласана, затоа што Русија може да стави вето. Потребна е нова резолуција за да се прошири мандатот на ОН во Сирија, кој завршува во петок.
XS
SM
MD
LG