Достапни линкови

Грузија се надева на влез во НАТО


Американскиот командант задолжен за Европа Марк Херлинг се сретна со грузискиот претседател Михаил Саакашвили во Тбилиси за да разговараат за одбранбена соработка и улогата на Грузија во Авганистан.
Херлинг му се заблагодарил на Саакашвили за тоа што Грузија испрати контингент од 800 војници во Авганистан, како дел од мисијата на НАТО. Херлинг разговарал и со високи претставници на грузиските власти задолжени за безбедност и одбрана. Саакашвили во неколку наврати изразил надеж дека воениот придонес на Грузија во Авганистан ќе ги зајакне грузиските шанси за влез во НАТО. Русија жестоко се противи на било какво проширувањето на НАТО кое ќе ги вклучува Грузија или било која друга поранешна советска држава.
XS
SM
MD
LG