Достапни линкови

Интензивна дипломатска активност за името?


Во посета на Македонија е заменик шефот на НАТО, Александар Вершбоу, а се очекува доаѓањето на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун во придружба на медијаторот Метју Нимиц.

Денешната посета на заменик генералниот секретар на НАТО, амбасадорот Александар Вершбоу, е негова прва посета по стапувањето на функцијата во февруари, но и една од повеќето средби кои деновиве надлежните министерства за ЕУ и НАТО интеграциите ги реализираат по подолгото затишје во кое не остави последниот самит на НАТО и заглавените чекори во насока на решавањето на спорот за името, што во овој момент се оправдува поради политичко економската состојба во Грција.
Заменик генералниот секретар на НАТО, амбасадорот Александар Вершбоу.

Заменик генералниот секретар на НАТО, амбасадорот Александар Вершбоу.


Друго е прашањето дали тоа ќе може веднаш да даде резултати со оглед на ситуацијата во Грција, затоа што Грција во моментов е тотално незаинтересирана за решавање, ама доколку се зголемува притисокот ќе мора и тие да направат нешто.
Нашата намера е јасна, да лобираме и да обезбедиме напредок, ја објаснуваат ваквата дипломатска раздвиженост во Министерството за надворешни работи, за која велат дека само се доживува како раздвижување поради фактот што средбите се случуваат во Македонија. Вакви средби, напори и пораки доаѓаат постојано од секојдневните активности кои ги преземаме, но доаѓаат од надвор. А тие се, како што потенцираат, дека Македонија веќе предолго чека пред вратите и на НАТО и на ЕУ и дека треба да се направи некаков исчекор. Дали од сето ова ќе има резултати никој не може да знае, велат од министерството, но додаваат и дека во дипломатијата секогаш има и моменти кои не и се соопштуваат на јавноста во интерес на постигнување на целта.
Наредната недела во рамките на регионалната турнеја, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ќе ја посети Македонија во придружба на медијаторот во спорот за името Метју Нимиц.

Наредната недела во рамките на регионалната турнеја, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ќе ја посети Македонија во придружба на медијаторот во спорот за името Метју Нимиц.


Политикологот Владимир Божиновски интензивираните контакти во последно време ги гледа како обид на властите да ги засилат македонските позиции пред меѓународната јавност со цел да се постигне зголемување на притисокот и врз Грција за надминување на спорот за името.

„Друго е прашањето дали тоа ќе може веднаш да даде резултати со оглед на ситуацијата во Грција, затоа што Грција во моментов е тотално незаинтересирана за решавање, ама доколку се зголемува притисокот ќе мора и тие да направат нешто“, вели Божиновски.

Минатата недела Скопје го посетија министрите за надворешни работи на Австрија и на Словачка, Шпинделегер и Лајчак кои и дадоа јасна поддршка на Македонија во насока на интегрирањето, но и со потсетување дека треба да направи сè името да не биде повеќе причина за предолгото статус кво. Наредната недела во рамките на регионалната турнеја, генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ќе ја посети Македонија во придружба на медијаторот Нимиц.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG