Достапни линкови

Уапсен бугарски пратеник поради мито


Софија

Софија

Бугарскиот пратеник Димитар Аврамов од владејачката партија на десниот центар ГЕРБ синоќа бил уапсен бидејќи, како што соопшти јавното обвинителство, побарал и добил 25 илјади евра за да влијае врз еден функционер. Станува збор за субвениции на Европската унија за користење земјоделско земјиште. Обвинителството најави дека ќе побара од Собранието да му го укине пратеничкиот имунитет. Некои медими ова апсење го поврзаа со денешното објавување на извештајот на Европската комисија за напредокот на Бугарија во борбата против корупцијата и криминалот.
XS
SM
MD
LG