Достапни линкови

Физичката неактивност смртоносна како и пушењето


Во најновото истражување објавено во медицинскиот журнал Лансет се наведува дека една третина од возрасните во светот се физички неактивни и оти седечкиот стил на живеење годишно убива над 5 милиони луѓе, скоро исто колку и пушењето. Над милијарда ипол возрасни луѓе во светот не ги спроведуваат препораките, 30 минути умерена физичка активност пет дена во неделата или 20 минути поинтензивна активност три пати неделно. Неактивноста се зголемува со годините и таа е повисока кај жените отколку кај мажите и тоа во поразвиените земји.
XS
SM
MD
LG