Достапни линкови

Средба Ердоган-Путин во Москва


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган пристигнува во работна посета на Москва за да разговара за билатералните економски односи и ситуацијата во Сирија.
Ердоган треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и други руски официјални претставници. Русија која важи за главен поддржувач на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад во неколку наврати ги отфрли меѓународните напори за воведување санкции против Дамаск. Турција, која ја дели границата со Сирија, е гласен критичар на репресијата на Асад.
Ердоган и Путин исто така се очекува да разговараат за економската и енергетската соработка. Русија важи за голем трговски партнер на Турција.
XS
SM
MD
LG