Достапни линкови

Либералниот сојуз победи на изборите во Либија


Конечните резултати од парламентарните избори во Либија покажуваат дека победил Либералниот сојуз. Исходот од првите слободни избори по неколку децении е редок пораз на исламистите по Арапската пролет кои победија во Египет и Тунис. Сепак и во Либија имаат прилика да учествуваат во поделбата на власта. Изборната комисија соопшти дека Националната Алијанса на поранешниот премиер Махмуд Џибрил освоила 39 пратенички места, а 17 места се на Праведната и конструктивна партија на Муслиманските браќа.
XS
SM
MD
LG