Достапни линкови

Кинески брод мета на руската крајбрежна стража


Кинеските државни медиуми јавуваат дека руската крајбрежната стража стрелала кон кинески рибарски брод и друг брод за лов, наводно, од источниот брег на Русија. Државната новинска агенција Ксинхуа објави дека рускиот брод истрелал предупредувачки истрели, а потоа "отворил оган" за да го спречи ловот на лигњи. Нема информации за жртви. Кинескиот конзулат во Владивосток бил известен од страна на руските власти во регионот Приморски дека два брода биле запленети поради илегално влегување во руски води.
XS
SM
MD
LG