Достапни линкови

logo-print

Косово воведува казна доживотен затвор


Косово воведува казна доживотен затвор која ќе се однесува за убиство на еден од шесте највисоки државни функционери на Косово - претседателот, спикерот на парламентот, премиерт, претседателот на Уставниот суд, претседателот на Врховниот суд или државиот јавен обвинител, со цел да го загрози уставниот поредок и безбедноста во земјата.

Казната доживотен затвор може да се изрече и во други случаи. Ова е максималната затворска казна предвидена со Кривичниот законик на Косово.

Косовските медиуми јавуваат дека казната треба да стапи на сила од први јануари идната година. Косово ќе стане трета земја во регионот, во која е предвидена ваква казна.

Со привремениот косовски кривичен законик максималната казна изнесуваше 40 години.
XS
SM
MD
LG