Достапни линкови

Здравствените институции молчат кога се виновни


Дебата за сексуално и репродуктивно здравје во Скопје.

Дебата за сексуално и репродуктивно здравје во Скопје.

Здравствените институции не одговараат на прашањата за причините на некоја појава, особено ако таа се случува и поради пропуст на некој од вработените, се жалат новинарите.

Се прават чекори за подорување на сексуалното и реподуктивно здравје, што треба да резултира со подобра социјална и здравствена заштита на ранливите категории. За да се оствари целта треба да помогнат и медиумите, велат учесниците на дебатата „Известувањето за теми за сексуално и репродуктивно здравје во медиумите - етика и стандарди“, организирана од Канцеларијата на Фондот за популација на Обединетите нации во Скопје и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.
Медиумите може да ни помогнат во поголема афирмација на овие институции, да младите знаат каде да се обратат, каде може да добијат доверливи услуги, услуги коишто ќе ја обезбедат нивната приватност, анонимност.

Доктор Елена Ќосевска од Институтот за јавно здравје вели дека медиумите треба да ги афирмираат институциите кои нудат здрваствени услуги од тој тип, бидејќи тие многу малку се користат од граѓаните.
Новинарката Љубица Балабан.

Новинарката Љубица Балабан.


„Медиумите може да ни помогнат во поголема афирмација на овие институции, да младите знаат каде да се обратат, каде може да добијат доверливи услуги, услуги коишто ќе ја обезбедат нивната приватност, анонимност.“

Но, медиумите многу тешко доаѓаат до податоци од надлежните институции, вели новинарката Љубица Балабан од Дневник.
На барањата да ви пратат податоци за темите поврзани со сексуалното и репродуктивно здравје, некогаш новинарите се судруваат со непотребни бариери и обиди за менување на каналот. Ќе ви бидат пратени куси информации, но без соодветен одговор за причините на некоја појава, особено ако таа се случува и поради пропуст на некој од вработените во одговорните институции.

„На барањата да ви пратат податоци за темите поврзани со сексуалното и репродуктивно здравје, некогаш новинарите се судруваат со непотребни бариери и обиди за менување на каналот. Ќе ви бидат пратени куси информации, но без соодветен одговор за причините на некоја појава, особено ако таа се случува и поради пропуст на некој од вработените во одговорните институции.“

Бранко Аџигогов од Фондот за здравствено осигурување вели дека тие се една од најтранспарентните институции.

„За разлика од други не криеме кога има и лоши работи, така што секогаш дури и ги нагласуваме, но, морам да кажам дека невладиниот сектор, како и дел од стручната јавност треба да бидат доволно запознаени со работењето на институциите.“

Новинарите се жалат и дека еден од честите проблеми со кои се соочуваат се застарените информации кои ги добиваат од здравствените институции, па така читателите не можат да ја добијат реалната ситуација на некое заболување или состојба.

Националната стратегија за сексуално и репродуктивно здравје е направена во 2010 година, а се подготвува и национален извештај за однеусвањето на младите кој ќе биде објавен до крајот на годината. Само десет насто од жените во Македонија знаат што е модерна контрацепција, според податоците на Фондот за здравство. За разлика од развиените земји каде тој процент изнесува шеесет.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG